Најлоши модни грешки кои мажите никогаш не смееат да ги направат
Кога станува збор за модата, на мажите им е дефинитивно многу полесно за разлика од жените.
Жените мора да ја пратат секоја модна промена за секогаш да бидат во тек, бидејќи ако излезат од трендот, тоа нема да е добро за нивниот имиџ. И мажите ги пратат трендовите, но не во толкава мера. Ако носите фармерки стари 20 години, кои се уште добро изгледаат, никој ништо нема да ви подрече.
Сепак, постојат некои работи за кои мажите мора да водат сметка кога се облекувањето и модата во прашање. Ако сакате да привлечете внимание и да оставите впечаток, тогаш избегнувајте ги овие работи.1. Костуми кои изгледаат како завеси
Заборавете на шарените костуми и фокусирајте се на еднобојните или на оние со линии, ќе направат да изгледате елегантно и привлечно.
2.Маици со огромен V израз
Овие маици се тотално промашување и никако не можат да направат да изгледате привлечно. Затоа избегнувајте ги максимално.
3. Фармерки прилепени за телото
Skinny фармерките се нешто што никогаш не смеете да го носите, освен ако не сакате сите да гледаат во вас затоа што сте смешни. Иако суперхероите станаа многу популарни, тоа не значи дека секој маж мора да носи прилепени работи за да го истакне своето исцртано тело.
4.Кожен капут со крзно
Местото на крзното не е за врз кожа, како дел од машки капут и затоа избегнувајте го по секоја цена.5. Ремени со преголема тока
Ременот е аксесоар кој не треба да привлекува многу внимание, па затоа користете ремени кои имаат помала или неприметна тока, бидејќи така многу подобро ќе изгледате.6.Бели чорапи со црни патики/чевли
Белите чорапи можат да се носат само со бели обувки, се' друго е чиста модна грешка