Често пати мислиме дека само нашите баби
бea опседнати со промаја, но се чини дека не е така. Имено, промајата не
ја сакаат ни во Кина, дури и до толку, што се смета за
најголемо и најопасно зло.
Традиционалната кинеска медицина верува дека премногу промаја или ветер е една од главните причини за многу болести. Исто така, се смета за водечко зло на Чи (Чи енергија) од шесте зла на болеста (ветер, студ, влажност, суша, топлина и летна топлина). Другите пет зла на Чи се придружуваат кон ветрот и го напаѓаат човечкото тело, како што се студени ветрови, топли ветрови, влажни ветрови. Пронајата се однесува на ветрот измеѓу прозорците, вратите, две згради, два ѕида или објекти. Колку е поголема зградата, толку е посилен ветерот, а „благиот“ ветер, поостар, пишувадокторката по кинеската медицина, Анџела ТианЖу.
Промајата е крајно опасна според Кинезите, затоа што е поостра од обичниот ветер. Може да навлезе во нашата кожа, органи и тело, особено ако сме болни и имаме ослабен имунитет. Децата и старите лица се најранливи на нејзиното влијание, додава Жу. Секогаш ќе го нападне послабиот дел од телото, ќе остане таму и ќе направи штета, вели таа. Таа исто така опиша како промајата влијае на одредени делови од телото: ако ги погоди зглобовите, луѓето ќе чувствуваат болка во нив, што резултира во артритис. Ако ветрот е ладен или жежок и ја погоди главата (или луѓето излегуваат со влажна коса), тоа може да доведе до главоболка, болки во уво, болка во забите или грлото.
Ако ладен или топол ветер ги погодува белите дробови и градите, тоа ќе резултира со кашлица, болка во грлото или студ. Ако ладен или топол ветер го погодува вратот или половината, тоа ќе резултира во болка во вратот или долниот дел на грбот. Овие случаи често се случуваат при возење и спиење. Ако ги напаѓа мускулите, луѓето ќе чувствуваат слабост и болки во мускулите. Ако сте се изложиле на промаја после секс, таа оди подлабоко во телото бидејќи сексуалната возбуда бара многу енергија и крв. Ова е поголема веројатност да се случи кај мажите кои лесно заспиваат по ејакулацијата. Најчестата хронична болест на централниот нервен систем, мултиплекс склероза, е поврзана со изложеност на ветер или промајата послесексот, според традиционалната кинеска медицина. Ако промајата ја нападне кожата, тоа ќе резултира со чешање и заболувања на кожата.
Анџела посочува дека изложеноста на промаја може да резултира во воспаление и болка во ушите кај децата. Исто така, ќе се зголеми ризикот од настинки, кашлица, астма или бронхитис, главоболки. На бебињата и на малите деца не им се советува да излегуваат надвор ако ветерот е силен.