Најпопуларни машки фирзури за 2021 година: Кратко и слатко

За наша среќа, машката пунџа или машките плетенки полека се забораваат, а пократките опции повторно се во тренд. Сепак, тие не ограничуваат кога станува збор за стилот, давајќи ни можност совршено да ги потенцираме нашите црти и карактеристики на лицето и личноста. Мажите избираат кратки фризури за лагодност - повеќето едноставно немаат трпеливост да се занимаваат со производи за коса или сушење и фенирање - тие им го препуштаат тој аспект на нивните поубави половини. 

Ако размислувате да ја смените фризурата, треба да разгледате неколку работи:

Колку време на ден сте подготвени да потрошите на стил и стилизирање на косата? Ако сте тип кој станува од кревет, се облекува и може веднаш оди на работа, тогаш дефинитивно не ја сакате опцијата што ќе ве натера да поминете дваесет минути пред огледалото, обидувајќи се да се справите со фризурата...

За некои фризури ќе бидат потребни редовни посети на фризери, и ако не сте подготвени да се справите со тоа, изберете нешто поедноставно. Земајќи ја предвид годината на короната, односно периодот во која не работеле фризерите, можеби засега пообична фризура побезбедна опција.

Дали вашата работа бара одреден изглед или работите од дома како хонорарец што може да си даде малку слобода? Вашиот избор може да зависи од тоа.

Дали вашата коса е ретка и тенка или густа? Изгледот на фризурата што ја одбравте навистина зависи од видот на вашата коса, па затоа мора да бидете реални во тој поглед. Ако не сте сигурни, оставете го вашиот фризер да ги предложи најдобрите опции.

Исто така, мора да се земе предвид обликот на вашето лице - не сите фризури ќе изгледаат исто кај луѓето кои имаат овална или квадратна форма на лице, бидејќи тие ќе ги нагласат погрешните карактеристики.

За да ви помогнеме да одлучите и да изберете фризура што најдобро ќе ви одговара, ви ги претставуваме неколку топ фризури

Погледнете ја галеријата: