Автомобили // Автомобили
Најскапиот џип на светот: 500.000 долари
Иако се повеќе инвестира во електрични возила, Дајмлер-Бенз не се откажува од луксузното и полноправно консумирање октани и дизел. Тој воведе нов модел, кој веќе е познат како најскап теренец во светот.
Станува збор за Mercedes-Maybach G-650, со мотор V12.кој ќе се произведува само во 99 парчиња.
Го краси таканареченеLandaulet стил, со тврд преден покрив и спуштен заден дел направен од фини ткаенини. Цена - „само“ 500.000 американски долари.
„Автомобилот ги исполнува сите барања за луксуз, но ги задржува и основните компоненти на S -V Г-класа“, рече шефот на Mercedes, Gunner Guethenke.