Највреднуваната британска државна диплома за високо образование, сега достапна и во Скопје

Веќе 3та година, македонските студенти имаат можност да бидат дел од образовен процес формулиран по британски терк, да учат под менторство на врвни британски професори, да се стекнат со британска државна диплома и да бидат дел од големото семејство на Лондон Метрополитен.

Лондон Мет е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон.

Дипломата стекната на Лондон MET е призната ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Скопје Метрополитан Колеџ е водечка високообразовна институција во земјава и овластен партнер на Лондон Метрополитан Универзитетот за територијата на РС Македонија и Балканот.

Највреднуваната британска државна диплома за високо образование, нешто што до сега беше само мечта на многу генерации кои заминаа од земјата, е сега достапна и во Скопје.

Скопје Метрополитан им нуди можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза.

Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата.

Информации за пријавување и условите за студирање се достапни на веб страната на универзитетот www.skopjemetropolitan.edu.mk, или на телефонскиот број 02 3140-004.

ПР објава