Наместо да бараат лек за коронавирус, суперкомпјутерите беа „минирани„ повторно од хакери
Хакерите не само што ги напаѓаат обичните корисници и компании. Ако имаат шанса, тие ќе нападнат и ќе го искористат секој компјутер што ќе им се најдена пат. Во овој случај, тоа се некои од најбрзите компјутери во Европа.
Во текот на изминатата недела, неколку европски суперкомпјутери се заразени со malware, насочен кон искористување на моќта на компјутерите и криптовалутата монеро.
Според ЗДНет, досега заразата е откриена кај суперкомпјутерите во Велика Британија, Германија, Швајцарија и Шпанија. Фактот дека суперкомпјутерите се заразени не е толку изненадувачки, но експертите за безбедност откриле многу интересна врска меѓу нив.
Имено, malware што е откриен кај сите овие суперкомпјутери е многу сличен, па експертите веруваат дека тој потекнува од истиот извор. Но, за навистина да го потврдат ова, тие ќе треба да ги исклучат суперкомпјутерите и со тоа да ги прекинат сите пресметки што се случуваатво нив. Ова исто така може да влијае на истражувања за коронавирусптзатоа што станува збор за суперкомпјутери кои биле ангажирани да вршат различни пресметки и истражувања.
Инфицираните суперкомпјутерите најчесто се наоѓаат на реномирани универзитети низ цела Европа и играат важна улога во спроведувањето научни истражувања. Иако досега ниту еден универзитет не излезе со детали зошто суперкомпјутерите не се достапни, пан-европска организација која ги координира истражувањата за суперкомпјутерите ширум Европа, Европската мрежа инфраструктура (ЕГИ), објави примероци од malware и индикатори дека мрежата е компромитирана.
ЕГИ посочи дека во моментов истражуваат два инциденти кои може или не може да бидат поврзани, и дека ќе објават дополнителни информации како што ќе ги добиваат.
Иако, засега нема директно влијание врз ЕГИ, ние веруваме во заштита на нашата заедница и активно ја поддржуваме и координираме одговор на тековните безбедносни инциденти кои влијаат на академскиот и истражувачкиот сектор, се вели во веб-страницата на ЕГИ.
Американската фирма за сајбербезбедност Кадо се уште ги анализира примероците и објави дека напаѓачите се здобиле со пристап до суперкомпјутери преку компромитирани сертификати за SSH, кои се чини дека се украдени од корисници на кои имале пристап до компјутерите. Според достапните податоци, сертификатите припаѓаат на универзитети од Канада, Кина и Полска.
Патем, ова не е прв пат суперкомпјутерите да бидат компромитирани и нивната моќ да се користи за нешто полошо,наместо научна работа. Но, во претходните случаи, тие беа заразени од самите корисници, кои сакаа да добијат уште неколку криптовалути за нивниот виртуелен паричник.