Наместо тековните молекуларни тестови за откривање на присуство на коронавирус, нови, брзи антигени тестови

Членовите на владината група за Ковид-19 презентираа подготовки за воведување на нови, брзи антигени тестови, наместо сегашните молекуларни тестови за откривање на присуство на коронавирус.

Словенија воведе нови препораки за лекарите од примарната здравствена заштита во врска со тоа кога да се упатат на тестирање со цел да се забрза процесот на добивање резултати за коронавирусот, објави шефот на владиниот експертски тим, Бојана Беовиќ.

На прес-конференцијата во Љубjана, Беовиќ рече дека лекарот од примарната здравствена заштита ќе го има последниот збор за упатување на тестирање, но таа посочи дека новите препораки до лекарите се оние кои се очекува да имаат потежок процес на заболување и хоспитализација да имаат приоритет за тестирање.

Како што изјави таа, станува збор за лица постари од 60 години, хронично болни и лица со ослабен имунитет, како и лица кои, заради природата на својата работа, се во контакт со ранливи групи, пренесува хрватски Индекс.

Беовиќ изјави дека на луѓето со лесни симптоми ќе им се препорача да се изолираат и да останат дома.

Таа потенцираше дека новите препораки не се дадени со цел да се намали бројот на тестови, туку со цел да се изолираат носителите на вирусот и оние кои се во контакт со други луѓе поради природата на нивната работа.

Зборувајќи за рекордниот број на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани, таа оцени дека ситуацијата е тешка за контрола, но рече дека е оптимист дека досега преземените мерки ќе дадат резултат.

Беовиќ изјави дека бројот на новоинфицирани расте „стрмно и експоненцијално“ и предупреди дека бројот на хоспитализирани може да достигне ниво што ќе го надмине капацитетот на болниците, доколку сите не се придржуваат до пропишаните епидемиолошки мерки.

Таа потврди дека владата ќе разговара за состојбата во врска со Ковид-19 на седницата во четврток, но не смета дека е веројатно дека ќе бидат воведени некои нови мерки, бидејќи, како што рече, бројот на достапни мерки е практично исцрпен.

Беовиќ, сепак, навести дека може да се донесе одлука да се задржат карантинските мерки за регионите и општините, како и полицискиот час во сила, „сè додека не се подобри епидемиолошката состојба, односно додека веќе воведените мерки не дадат опиплив резултат“.

Таа додаде дека, според некои проценки, околу три проценти од населението во Словенија е веќе заразено, односно повеќе од 60 000 луѓе.

Членовите на владината група за Ковид-19 презентираа подготовки за воведување на нови, брзи антигени тестови во Словенија, наместо сегашните молекуларни тестови за откривање на присуство на коронавирус.

Така, како што известува хрватскиот Индекс, капацитетите за тестирање можат значително да се прошират, бидејќи оваа технологија им овозможува да ги вршат помали лаборатории, дури и оние во здравствените домови.

Така, како што додава таа, бројот на тестирани може да се зголеми тројно во однос на моменталната состојба.

Како што беше речено на прес-конференцијата на Владата на Словенија, ваквото тестирање би било достапно за секого, а во просек би било трипати поевтино од сегашните молекули.