Наострете ги вашите сетила, TI SENTO пристигна во Македонија за да ги слушне вашите најсилни желби

„Јас не ги снимам филмовите за преку нив да испраќам пораки. Испраќањето на пораки го оставам на оние на кои тоа им е работа – поштата,“ ќе истакне во една прилика познатиот италијански режисер Бернардо Бертолучи. Воопшто не би ја цитирале оваа мисла доколку истата не влегува длабоко во сржта на она кон што со децении се стреми „Божиновски часовници и накит“ – Да не продава само познати брендови на часовници и накит, туку преку нив да сервира чувства преку кои бредовите ќе постојат во една сосема друга димензија на автентичното лично доживување.

Така дојде времето пред македонската јавност да отвориме уште една сосема нова димензија и да нурнеме во еден нов свет на гламур – светот на италијанскиот бренд на накит TI SENTO, или единствениот бренд во светот на кој му успеало она што не му успеало на ниту еден алхемичар – среброто да го претвори во злато. TI SENTO не е само уште еден бренд на накит кој доаѓа на македонскиот пазар, туку е бренд кој што ги крши стереотипите, излегува надвор од стандардната линија, но не само поради потребата и желбата за бунтовност, туку поради желбата да открие нови форми, нови линии и да се обиде да пулсира во истиот ритам со сите наши сетила.

И како оваа нова димензија да ја приближиме до јавноста? Ја користиме „играта на сетилата“ како најдобро усовршен рецепт на „Божиновски часовници и накит“ и повторно тргнуваме со желбата кај секој еден присутен да се разбуди автентично чувство кое ќе му даде уникатна приказна и живот на брендот TI SENTO на македонскиот пазар.

Будењето на сетилата се случи на необична локација со внимателно избрано друштво и фантастична италијанска храна, во склоп на Моден Викенд Скопје, Божиновски часовници и накит угости 40 личности на интимна вечера меѓу кои и неговата екселенција – Амбасадорот на Италија Андреа Силвстри.

И, да „Божиновски часовници и накит“ не ги промовира своите брендови со цел да наметнува впечатоци. Впечатоците ги оставаме на оние за кои се наменети – нашите ценети клиенти. А првиот впечаток за брендот TI SENTO можете да го изградите со ексклузивен попуст од 10% за преднарачки. Шепни ги твоите желби гласно – TI SENTO.

Следете го линкот до кодот за попуст.

ГАЛЕРИЈА:

* ПР - објава