Направена од Вселената: Астронаут објави фотографија од пожар во Грција

Францускиот астронаут Томас Пескет, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица (ИСС) во орбитата над Земјата, на Твитер објави фотографија од пожарот во Грција 

Фотографијата направена од ISS пред неколку дена покажува пожари што го зафатија полуостровот Пелопонез во јужна Грција.

„Пелопонез пред неколку дена - гори. Пожарите се уште траат. Нашите мисли од ISS се со оние што во моментов страдаат од пожари во Калифорнија и јужна Европа“, напиша Пескет.

Мораме да донесеме тешки одлуки за да го избегнеме најлошото


„Меѓувладината комисија на ОН за климатските промени вчера објави нов извештај, нема подобра анализа на моменталната клима. Пресуда: Некои ефекти од глобалното затоплување (покачување на нивото на морето, топење на мразот ... меѓу другите) повеќе не можат да се поништат и речиси е доцна за да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на 2 Целзиусови степени“, напиша астронаутот.

„Нашата клима се менува и ние треба да донесеме тешки одлуки како вид за да го избегнеме најлошото. Моите мисли се со сите погодени од шумските пожари и интензивната топлина во Средоземното Море", додаде тој.


Фото: Твитер