Направете сами: Феноменална ѕидна ламба
Ако сакате да ја осветлите вашата тераса, ходник или да го збогатите ентериерот на вашиот дом, тогаш многу лесно можете да направите ѕидни ламби на доста ефтин начин...
Ѕидните ламби се
сјаен начин да осветлите одредени делови од домот и да ја направите вашаta тераса или ентериер да изгледаат
помодерно. Меѓутоа, проблемот е во тоа што ѕидните ламби често знаат да бидат
скапи. Затоа одлучивме да ви покажеме како сами да направите сјајни ѕидни ламби
кои ќе изгледаат како од продавница.
Се што ви е потребно се две сијалици, цевка за водоинсталација и црн спреј. Потребно е dа најдете ПВЦ цевка која ќе има мала додатна цевка на средината. Малата цевка ќе ви служи како држач кој ќе го ставите на ѕидот, додека горниот и долниот отвор на големата цевка ќе ви послужи како место каде ќе ги ставите сијалиците.
Сијалиците едноставно ќе ги ставите во цевката и полека ќе ги залепите за да се држат во едно исто место. Внимавајте отворот на цевката да биде во склад со големината на сијалиците. Пред да ги ставите сијалиците, цевката исфарбајте ја црна или некоја друга боја со спреј. Ставете ги сијалиците, повлечете ги каблите и се што ви преостанува е да ги споите каблите на електричната мрежа и вашите новокреирана ѕиднa ламбa е готовa.
Погледнете го видеото кое детално ви го објаснува целиот процес: