НАПРАВЕТЕ САМИ: Поправете ја напукнаната шофершајбна на вашето возило
Поправката на шофершајбните може да биде скапа работа, но постои начин како да го направите тоа сами..
Ништо не е полошо од напукната шофершајбна која ви го попречува видикот. Ова често се случува, бидејќи е доволен само ситен камен или мал удар кој може да ви направи дупка во стаклото. Кога ќе се случи ова, повеќето луѓе веднаш го носат автомобилот на поправка, но верувале или не, вие можете да го направите истото на многу лесен начин.
Пред да направите било што, мора да утврдите една работа, а тоа е – дали вашата шофершајбна може воопшто да се поправи. Некои пукнатини можат да бидат длабоки или преголеми, па тука ништо не можете да направите. Тоа лесно може да го проверите на следниот начин.
Ако вашата пукнатина има мала вдлабнатина и не е рамна, тогаш значи дека можете да ја поправите. Што се однесува до големината, пукнатината мора да е помала од монета. Ако е поголема тогаш сепак ќе мора да го однесете автомобилот на сервис, а можеби ќе треба да купите и нова шофершајбна.
Откако ќе утврдите дека пукнатината има мала вдлабнатина и не е преголема, тогаш појдете во првата продавница за авто делови и опрема и купете кит за репарирање на стакло. Овој кит многу лесно се нанесува и ќе ви помогне да направите фантастична поправка. Постојат неколку различни китови, па најдобро е да се консултирате со продавачот за да го купите најсоодветниот избор.
Во китот ќе најдете игла и средство за чистење на пукантината, како и течно стакло кое треба да го нанесете на пукнатината. Ќе добиете посебен алат кој ќе ви помогне прецизно и рамномерно да ја истурите течноста во пукнатината и да да ја поправите.