Нарцисоидните личности ги создаваат најдобронамерните родители и задевањето во школо!

Сите сме слушнале за нарциси, а некои од прва рака знаат колку таквата личност може да го отежне животот на околината. Но, како настанува нарцизмот? Според стручњаците за ментално здравје, семето се сади уште во детството, а дури и најдобронамерните родители несвесно можат да одгледаат нарцис.

Психотерапевтката Челси Кол објаснува дека нарцизмот најчесто се развива во средина каде има мешавина од претерано и недоволно пофалување. Ако фокусот е ставен само на изглед, статус или надворешни постигнувања, без да се развива емпатија и чувство за себе, детето ризикува да израсне со искривена слика за сопствената вредност.

Според психологот Рамани Дурвасула, постојат три главни фактори:

-Децата добиваат премногу пофалби за надворешни особини.

-Нивните емоции се игнорираат или омаловажуваат.

-Доживуваат трауми или злоупотреба.

Иако овие искуства не секогаш водат кон нарцизам, кај секој нарцис во зрелоста може да се пронајде барем едно од нив. Ризикот е поголем ако детето има потежок темперамент.

Кетрин Дел Торо нагласува дека родителите кои се емоционално дистанцирани или кои ги ценат само достигнувањата, а не и чувствата на своите деца, несвесно ја поткопуваат нивната самодоверба. Таквите деца често развиваат постојана потреба за внимание и супериорност.

Дополнително, децата кои се жртви на малтретирање, било дома или во училиште, имаат уште поголем ризик да развијат нарцисоидни тенденции.

Извор / EPA