НАСА во жалост: Почина човекот кој ги донесе најклучните одлуки за испраќање на човек на месечината
Крис Крафт, основачот на контролната мисија во американската светска агенција НАСА, почина вчера, на 96 годишна возраст, два дена после 50 годишнината од мисијата за слетување на месечината „Аполо 11“.
Крафт носеше
клучни одлуки за лансирање, додека САД се обидуваше да испрати човек во
вселената.
Астронаутот Нил Амстронг, првиот човек што има стапнато на месечината, еднаш има изјавено дека Кристофер Крафт бил „човекот кој бил КОНТРОЛАТА во контролната мисија“.
Првите летови почнале во 1961, а Крафт одлучувал за работите кои влијаеле врз животот и смртта, за тоа дали временските услови се поволни за лансирање и што треба да се направи доколку се појави проблем.
Крафт подоцна, помагаше во креирањето на мисијата „Аполо“, која на крајот ги одведе американците на месечината во 1969 година.
Крис се пензионираше во 1982 година, но продолжи да работи како консултант.