Наставничката ја загрижи цртежот на ученикот: Веднаш ги повика родителите на ИТЕН СОСТАНОК, а нивното објаснување е УРНЕБЕСНО

Учениците од едно странско училиште добиле задача да се нацртаат со семејството, а наставничката кога го видела цртежот на еден шестгодишен ученик , итно ги повикала неговите родители на состанок

Малото момче на прилично необичен начин го нацрта своето семејство, а на цртежот изгледа како сите да висат на јаже. Тоа ја загрижило наставничката која веднаш ги повикала родителите на детето во училиштето.

„Нашето шестгодишно дете ни даде порака од учителката. Таа ме повика мене и мојата сопруга на итен состанок. Го прашавме нашиот син дали има поим за што се работи, а тој одговори дека не ѝ се допаѓа неговиот цртеж“, напиша таткото на детето со објавениот цртеж на неговиот син и додаде:

„Следниот ден отидовме на состанок. Наставничката извади семеен цртеж нацртан од нашиот син и побара од нас објаснување.“

„Нема проблем“, рече мојата сопруга. „Станува збор за семеен одмор. Нуркајќи на Бахамите“ - напиша таткото на ученикот покрај цртежот што го објави на социјалните мрежи.


Овој случај се случи пред неколку месеци, но сѐ уште е вирален на социјалните мрежи.

Извор: www.kurir.rs