Не е дека беше светец: ПРИНЦОТ ХАРИ ја изневерувал Меган со оваа жена
Меган Маркл не беше единствената личност со која принцот Хари се запозна со почетокот на нивната врска во 2016 година, според авторката на кралската биографија Ангела Левин. Инаку, ваквите биографии се строго контролирани од кралското семејство, ама очигледно дозволиле да се напише за оваа врска.
Принцот Хари и манекенката Сара Ен се запознале на приватна забава, а потоа ја замолил за телефонски број, па потоа започнале да испраќаат бројни пораки.
Во својата книга на Ангела- „Хари: Биографија на принцот“, војводата од Сасекс тогаш имаше кратка романса со британската манекенка Сара Ен Меклин, пренесува „Експрес“.
- На почетокот на својата врска со Меган Маркл, Хари реши да оди на состанок со манекенката Сара Ен Меклин. Тие се запознале на приватна забава и потоа ја прашал за нејзиниот телефонски број. Почна да и испраќа бројни пораки и се случи кратка авантура. Многу му се допадна оваа прекрасна девојка која за жал, не можеше да ја надмудри Меган и да биде дел од кралското семејство - напишала Анџела.
Пријател на Хари тврди дека принцот и Сара Ен се сосема различни типови ама тој едноставно осетил дека таа можеби може да му биде животен сопатник.
- Таа е доблесна и скоро никогаш не пие алкохол, па излегува дека тие се на тотално различни бранови должини. Ама го воодушевуваше со едноставноста. Иако беше во врска со Меган, некако Сара му го окупира вниманието. Ама по се изгледа дека квалитетите на Меган преовладуваа. Затоа Хари беше малку воздржан со неа “, рече тој.
Меган нормално, дознала за сето ова ама останаа во врска. Хари цврсто беше решен да остане со Меган. Тие се венчаа во мај 2018 година, а една година подоцна добија син, Арчи Харисон Монтбатен- Виндзор.