Здравје // Совети
Не е само лукот: Српскиот доктор Несторовиќ открива уште две работи кои го зајакнуваат имунитетот и штитат од корона
Заради моменталната состојба со коронавирусот, сите се обидуваме да го зајакнеме имунитетот.
Пулмологот проф. Д-р Бранимир Несторовиќ од Србија го сподели својот алтернативен рецепт за „подигнување“ на имунитетот.
„Постојат многу начини за зајакнување на имунитетот. Едниот е прошетка на студен воздух, која трае до еден час. Вториот е престој во сауна, исто така до еден час. Во диетата користете храна богата со растителни влакна, зеленчук, морска риба најмалку двапати неделно, по можност печена“, вели овој српски доктор.
Фото: Youtube/Moje Dobro