Не е скоцкан, ни исчешлан, туку влажен и доаѓа од теретана: Еве како изгледа најголемиот заводник во спортско издание

Што мислите за ова негово издание?

Ѕвездата на филмот „Фантастична четворка“, актерот Педро Паскал, беше фотографиран од папараците насмеан по напорниот тренинг во теретана во Западен Холивуд.

Додека ја напушташе теретаната, имаше разговор што го насмеа до солзи.

Во последно време, тој се обидува редовно да оди во теретана за да ја одржи својата форма во најдобра можна кондиција.

View this post on Instagram

A post shared by Pedro Pascal Fan Account (@pedro_pascal_fans)



Она што е особено интересно е што и жените и мажите буквално полудуваат по популарниот актер. Сите постојано коментираат за неговиот изглед и ги изразуваат своите најдлабоки емоции и доверба кон него.

Не е ни чудо бидејќи никогаш не изгледал подобро, а очигледно е дека сè уште се обидува да го одржи својот атрактивен изглед на високо ниво. Иако сите се навикнати да го гледаат во кариран и елегантен костум... сега имате можност да го видите во најопуштена верзија: бели патики, темни шорцеви и виолетова маица.

И? Што мислите? Како изгледа Паскал во оваа верзија?



Насловно ФОТО: EPA-EFE/CLEMENS BILAN