Не купувај стан додека не го видиш ова возило – станува дом за помалку од минута!

Додека традиционалниот начин на живот сè повеќе се менува, иновациите во мобилното домување земаат замав. Од компактни camper vans до ултра-модерни "smart" RV (recreational vehicles), пазарот денес нуди возила што не само што ве носат каде сакате, туку ви овозможуваат и да живеете удобно – без да напуштите патот.

Beauer 3X – француско чудо што се шири како хармоника

Француската компанија Beauer создаде уникатен камп приколка – моделот Beauer 3X, кој кога е во движење е широк само 2 метра, но за помалку од 1 минута се проширува трипати по должина и нуди 12 м² удобен простор. Внатрешноста вклучува дневна соба, кујна, спална и бања – сите опремени со најсовремена технологија и минималистички дизајн. Освен тоа, може да се поврзе со електрични или хибридни возила.

Hymer Vision Venture – концептот на иднината е веќе реалност

Еден од најимпресивните концепти во светот на мобилното домување е Hymer Vision Venture, креиран во партнерство со BASF. Овој 4x4 camper van е базиран на Mercedes-Benz Sprinter и користи иновативни материјали како ултра-лесни 3D печатени делови и термоактивни обложувања. 

Внатрешноста е со "smart home" контрола, автоматизирани модули и покрив кој се отвора за тераса со поглед.

Living Vehicle – мобилен луксуз со соларна енергија

За оние што бараат самодоволност и еколошка одржливост, Living Vehicle од Калифорнија нуди луксузни мобилни куќи што работат целосно на соларна енергија. Новиот модел 2025 Living Vehicle HD PRO е дизајниран да биде надвор од мрежата (off-grid) со автономија до 30 дена, благодарение на напредна соларна и батериска технологија. 

Вклучува дури и можност за вградување на работна канцеларија, што го прави идеален за дигитални номади.

Tesla Cybertruck Camper Modules

Иако Tesla сè уште официјално не издаде свој камп-модел, компанијата Space Campers разви модуларни решенија за Cybertruck, кои овозможуваат кревет, кујна и соларна поддршка да се вградат во електричниот пикап. Овој хибриден пристап кон мобилното домување е наменет за идни патници кои сакаат слобода без компромис во стилот.

Мобилност + Домување = Слобода

Новата генерација на кампер возила и мобилни домови не се само за викенд-патувања. Со растечкиот број на дигитални номади и „van life“ ентузијасти, овие технолошки напредни возила стануваат реална алтернатива за постојано живеење.

Додека Македонија допрва треба да го достигне потенцијалот на овој тренд, интересот расте, особено меѓу младите кои сè повеќе избираат флексибилност, патување и самодоволност.