Живот // Живот
„Не мора да го носиш тоа за капење, смотана“: Мелани Грифит се соблече за добра цел
Шеесет и три годишната актерка во розова долна облека позираше покрај нејзината када за Инстаграм во средата, како дел од кампањата за месец на свеста за рак на дојка, на Кит Андерграментс.
Грифит носеше Класичен градник и гаки со висок струк . „Тие се супер секси и толку пријатни“, напиша таа.
Познатите пријатели на sвездата не можеа да се заситат од нејзината фантастична фигура. „Браво MAMA“, напиша Џејми Ли Кертис, додека Румер Вилис коментираше: „Изгледаш толку убаво“.
„Не мора да го носиш тоа за капење, смотана“, се пошегува Челси Хендлер, на што Грифит разиграно одговори: „Баш сакав да се разголам, смотанко“.