Не сака да остави на случајност: Меган Маркл ги откажа сите обврски поради проблеми со бременоста

Фото:Profimedia

Сите се особено загрижени бидејќи се ближи датумот на пораѓање

Меган Маркл се појави еден месец по славното интервју, а тогаш дури и најголемите хејтери мораа да признаат дека војвотката изгледа убаво и скоро блеска. Откако го напушти кралското семејство, Меган беше прилично изолирана и само повремено се појавуваше на некои настани, кои претежно беа од хуманитарен карактер.

Сепак, како што се приближува датумот на породување, војвотката ретко го напушта својот дом, а сега се појавија наводи дека оваа бременост е далеку потешка од првата.

Имено, војвотката од Сасекс наскоро треба да роди уште едно дете, девојче, но како што пренесуваат странските медиуми, таа има „компликации во бременоста“ и е многу загрижена за тоа.

- Меган не спие, има страшни нагони за повраќање и поради сето тоа мораше да ги откаже скоро сите обврски. Оваа втора бременост многу потешко ја поднесува - изјави извор за „InTouch Weekly“.

Инаку, поранешната актерка веќе го има синот Арчи (2), парот најавија дека ќе имаат уште едно дете на 14 февруари годинава, а потоа во интервју за Опра Винфри открија дека станува збор за девојче.

Секако, шпекулациите за името започнаа скоро веднаш, па дури се споменуваше и дека таа ќе ја избере „Дајана“, во спомен на нејзината покојна мајка, а парот негираше.

Арчи, Меган и Хари се преселија во Калифорнија во март, и откако ги напуштија кралските должности, прво заминаа од Велика Британија за Канада. Меѓутоа, кога медиумите ја дознаа нивната точна адреса, а Хари веќе не беше под заштита, тие решија да се преселат во Америка.

Меган и Хари се обидуваат да поминат што повеќе време со Арчи, пред нивната ќерка да пристигне во нивниот дом.

- Одат заедно на прошетка, одат на плажа ... Арчи обожава пливање, па затоа е често во базенот. Хари едвај чека да го научи да плива. Арчи е нетрпелив и сака што побргу да ја запознае својата сестра и сака да ги држи рачките на стомакот на мајка си. Тој е многу грижлив и зрел за својата возраст - изјави овој неименуван извор.