Не се само гените причина за заболување од рак: Кој е главниот виновник?

Ризикот дека дебелината ги зголемува шансите за заболување од рак е неправедно запоставена со години...

Многу болести може да се спречат со соодветна превенција, а прекумерната телесна тежина може да го зголеми ризикот од заболување од оваа опасна болест и до два пати. Прекумерна тежина е втората најчеста причина за заболување што може да се спречи, веднаш зад пушењето.

Карциномот на мочниот меур, бубрезите, панкреасот, јајниците и матката денес многу почесто се јавуваат кај луѓе со прекумерна тежина. Експертите велат дека последиците од екстремната дебелина се погубни кога станува збор за ракот, но многумина не се свесни за опасноста.

"Иако бројот на преживеани од рак е голем, многумина сè уште не знаат дека дебелината е таа која го предизвикува карциномот. Сега на сите им е јасно дека опасноста е многу поголема од порано. Ако продолжиме да се дебелееме, ќе се соочиме со илјадници нови смртни случаи поради оваа болест. Постојано работиме за да ја спречиме епидемија на дополнителни килограми, а многу поединци, семејства, продавници со храна и влади треба да се вклучат во акцијата “, рече Симон Стивенс, директор на Националната здравствена служба.

Студијата, спроведена под надзор на француската меѓународна агенција за истражување на карцином, истражуваше како генетските мерки на тежина влијаат врз ризикот од карцином. Повеќе од 80% од случаите со карцином се поврзани со дебелината само во Велика Британија. Кога се испитуваат гените, можно е да се предвиди колкава ќе биде телесната тежина на некој во текот на животот. Така, ризикот од карцином на бубрезите се зголеми од 30 на 59 проценти.

Дебелината е познато дека предизвикува дури 13 различни видови на рак. Овде спаѓаат рак на дојката, цревата, матката, хранопроводникот, панкреасот, бубрезите, црниот дроб, желудникот, мочниот меур, јајниците, тироидната жлездаи мозокот.

Дебелината не само што предизвикува карцином, туку може да предизвика и дијабетес тип 2, неплодност, срцеви заболувања, оштетување на црниот дроб и артритис. Со правилен третман, опасноста може да се намали. Се препорачува да се посветите на здрава исхрана и физичка активност, со што ќе ги намалите шансите да се разболите од опасни заболувања.