Не сте виделе како изгледа соба на брод за крстарење? Еве ви увид- морбидно
Веројатно досега не сте виделе вакво нешто
Услужните простории на бродовите за крстарење се исклучително компактни и функционални поради ограничениот простор. Дора Плетикоса, Хрватка која работи на брод за крстарење, преку својот Инстаграм профил откри како изгледаат тие соби, особено собата на нејзиниот пријател Арчи. Дора во неколку објави сподели детали за тоа како е опремена просторијата и како функционираат инспекциите, пренесува klix.ba.
Еден од најинтересните детали е тоа што вработените во кабините треба секоја недела да подлежат на инспекција, за да проверат претпоставените дали се‘ е во ред. Дора објасни дека стандардот за одржување на кабината е многу висок. Просториите мора да бидат беспрекорно чисти, подот да биде изметен и ѓубрето исфрлено. Исто така, сите апарати и светла мора да се исклучат за да се избегне ризикот од пожар.
Бидејќи собите често се наоѓаат под нивото на морето, нема прозорци. Дора истакна дека нејзината соба значително се разликува од другите. Се наоѓа на трет кат и има прозорци, а површински е многу поголема и поприватна, додека многу вработени делат кабини. Повеќето од кабините на бродот се опремени со кревети на спрат и минимален простор, а просторот мора да се искористи на најефикасен можен начин, што е особено важно за оние кои работат девет месеци на бродот.
Нејзиниот пријател Арчи покажа како ги организира своите работи и што му помага максимално да го искористи својот простор. Тој исто така истакна дека тоалетот во собата е најмалиот што некогаш го видел, што е уште еден предизвик за живеење на брод.
Фото и Видео: Инстаграм