Живот // Живот
Неда Украден во осмата деценија е бомба која екплодира од сексипил: Го прослави својот роденден во бикини
Балканската музичка дива Неда Украден има завидна кариера преку 50 години. Трае и денес, се пејат нејзините хитови, таа вади нови, не запира, а има 71 година. Всушност, само што го прослави својот роденден во Црна Гора, облечена во бикини и со шампањ во раката.
Изгледа нереално убаво. На таа возраст да се изгледа вака е вистински предизвик, а таа изгледа знае како да биде млада.
На инстаграм и честитаа и хрватската пејачка Нина Бадриќ и српскиот пејач Жељко Самарџиќ.