Нееднаквоста во богатството расте: Глобална криза го загрозува општеството и демократијата

Нееднаквоста во богатството стана глобална криза која ја загрозува демократијата и општествената кохезија, предупредува новиот извештај објавен пред самитот на Г20, кој ќе се одржи на 22 и 23 ноември во Јоханесбург.

Извештајот, предводен од Нобеловецот Џозеф Стиглиц, го споредува растечкиот јаз во богатството со климатската криза како еден од најголемите глобални предизвици и повикува на системски реформи. Според документот, најбогатите еден процент од светската популација поседуваат 41% од севкупното ново создадено богатство, додека најсиромашните 50% од луѓето добиле само 1%.

Авторите на извештајот предупредуваат дека во наредните три децении околу 1.000 милијардери ќе пренесат повеќе од 5,2 трилиони долари на своите наследници, што дополнително ќе ја продлабочи меѓугeneracиската нееднаквост.

Меѓу предложените решенија се наведуваат праведна даночна реформа, повисоки придонеси од мултинационални компании и од најбогатите поединци, разбивање на монополите и реструктурирање на долговите на земјите во развој.

ФАКТОР