Нема да прогласам победа додека не се пребројат гласовите, но јасно е дека победив: Џо Бајден победоносно

Џо Бајден изрази верување дека ќе има доволно гласови за победа на претседателските избори во Америка.

„Јасно е дека победивме во доволно држави да освоиме 270 електронски гласови”, рече Бајден во обраќањето пред јавноста. Тој истакна дека нема да прогласи победа пред да се пребројат сите гласови, но дека е јасно дека ќе победи.

„Ова е владеење на народот и за народот. Пребројани се доволно гласови да видиме дека на крајот ние ќе имаме доволно за 270, доволно за победа. Наскоро ќе биде преброен Мичиген, се чувствуваме добро и околу Пенсилванија, ја освоивме Аризона, а мене посебно ми е важно да ги освоивме гласовите на повеќето Американци”, рече Бајден.