Нема да верувате колку Ферари профитира од само еден продаден автомобил: Коронавирусот не му може ништо на брендот
Автомобилската индустрија ширум светот поминува низ навистина предизвикувачка фаза, благодарение на голем број фактори…
Главниот фактор, се разбира, е пандемијата на коронавирусот, што ги оневозможи луѓето да се движат, а со тоа и да купуваат, додека многумина исто така чувствуваа страв за иднината и решија своите заработени пари да ги чуваат „под перница“. Факторите вклучуваат забавување на растот на кинескиот пазар, затегнување на контролата на емисиите, ориентирање кон одржливи модели и нејасни регулативи од владите во многу земји.
Сепак, работите во самиот врв на автомобилската индустрија веројатно нема да бидат исти, бидејќи скоро сите најголеми брендови доживеале неверојатен раст во последните неколку години. Постојано на врвот на таа листа е Ферари. Италијанската марка има продадено рекордни 10.131 автомобили во текот на изминатата година, остварувајќи огромен профит од секоја продадена единица. Според најновиот извештај на „Fiat Group World“, Ферари имал профитна маржа на секое возило од 23,2 проценти. Ако малку погледнеме во математиката, тоа значи дека секој Ферари продаден од славната марка донесе нето профит во износ од 86.369 евра.
Работата според оваа мрежа е едноставно неверојатна, особено со оглед на состојбата на пазарот. Сепак, мора да се земе во предвид и фактот дека минатата година не беше единствена кога станува збор за профитот на славните брендови - тие се на врвот на оваа листа неколку години по ред.
За да се разјаснат работите, извештајот од оваа публикација ги спореди оперативните мрежи на марката Ферари со другите производители. Според нив, германскиот гигант БМВ мора да продаде 30 возила за да заработи исто како Ферари, додека VW мора да продаде дури 56 единици. Мерцедес мора да продаде 67, додека ситуацијата станува навистина неверојатна кога зборуваме за брендови на среден пазар, бидејќи Nissan мора да продаде 928 модели и Ford 908.
И додека Ферари расте од година во година, според најновите податоци, оваа година нема да биде толку добра за нив, токму поради пандемијата, што го стопираше производството, побарувачката и продажбата. Меѓутоа, бидејќи официјалните лица во бројни земји тврдат дека светлината е видлива на крајот од корна тунелот, Ферари може да има доволно време да го надомести прошуштеното. Останува да се види.