Нема врска со исхраната: Една неверојатно едноставна работа може да го намали крвниот притисок за 60 секунди!

Д-р Ерик Берг сподели едноставен домашен лек за намалување на високиот крвен притисок на својот канал на YouTube.

Имено, сите знаеме дека високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е претходник на сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев и мозочен удар, па затоа е клучно да го држите под контрола.

„Тоа е многу, многу евтин трик. Всушност, не чини ништо“, рече тој.

Неговиот совет не е поврзан со диета или вежбање. Се што треба да направите е да дишете, пренесува порталот index.hr.

Имено, д-р Берг препорачува метод на бавно дишење од само шест вдишувања во минута.

„Овој метод значително го намалува крвниот притисок, особено кај лицата со срцева слабост. Исто така е најдоброто нешто за смирување на нервите“, објасни тој.

Д-р Берг забележува дека луѓето со хипертензија, особено ако имаат дијабетес или се со прекумерна тежина, дишат доста брзо.

„Обидете се да најдете време секој ден за да го практикувате овој метод. Не се напрегајте бидејќи ќе го активирате симпатичкиот нервен систем. Само направете бавно вдишување преку нос пет секунди, а потоа издишување преку устата пет секунди. Ова ќе ви овозможи шест циклуси на вдишување и издишување кои ќе почнат да влијаат на автономниот нервен систем, ќе го снижат вашиот крвен притисок, ќе го намалат пулсот и ќе ве смират“, заклучил тој.

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е претходник на сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар, па затоа е од клучно значење да се држи под контрола.