НЕОДОЛИВА УБАВИНА, МАКЕДОНСКА: ЛЕЈЛА РАМКОВСКА
Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на
преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската,
женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.
Тајната на убавината која неодоливо привлекува меѓу другото е и во негата, грижата за себе(си). Американската пејачка и глумица, седумдесет и шестгодишната Шер и покрај тоа што има неколку пластични операции (се разбира, и тоа е грижа за себе), негата е исто така дел од неа, од секојдневните ритуали. Таа отворено говори за сѐ, па дури и за хируршките интервенции, а здравиот живот го истакнува како приоритетен. Неколкупати кажала дека особено важна е шансата која треба да си ја дадеме себеси, без оглед на полот. Освен што престанала со пушење, никогаш не се дрогирала, не пие кафе, алкохол само во исклучителни случаи, како и црвено месо, вежба редовно (и зумба и стомачни), а јогата е причина за нејзиниот душевен мир. Нема дилема, техниката на олабавување и завладување со телесните функции, заснована врз гимнастички вежби е преземена од хиндуската традиција: техника на медитација и ментална концентрација насочена кон постепено доведување на свеста во центарот на самото битие, каде што личната индивидуалност (атман) се соединува со униварзалното битие.
Поврзаноста со Лејла Рамковска е исклучиво од доменот на јогата бидејќи таа е инструкторка која успеа да го професионализира своето хоби (пасија, занимација), да го претвори во професија, во постојано занимање. Едноставно ужива во работата со луѓето (претежно жени), во комуникацијата со нив, и тоа не само како искуство туку и како разбирање. Но сепак, задоволството е најголемо кога во прашање е улогата на мајка, на две деца.
Убавината која ја носи во себе, а се рефлектира и на изгледот (надворешниот, секако), во голема мера произлегува и од смирението на нејзината душа, благодарејќи на јогата, забележливо и во одговорите на десетте прашања од симултаното интервју на тема убавина (во поширока смисла) и машко-женските односи.
СИМУЛТАНКА:
* Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?
Л. Р.:Искрено, не можам да ги поделам
овие карактеристики на машки и женски.
Човекот е убав колку што е убав однатре. Шармот произлегува од љубовта која ја
има
кон животот.
* А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?
Л. Р.:Кога верува во себе, а сепак е скромен. Манирите и однесувањето со почит не излегуваат од мода, никогаш.
* Дека таинственоста е својствена за вас жените - тоа е факт, а ние мажите доста често се прашуваме што сакате всушност. Па, ќе ни олесните ли - кои работи (се разбира, во смисла на квалитети) ги барате во мажите, одосно кај нив? Можеби самодоверба, заштитнички однос..?
Л. Р.:Повторно не сум за генерализирање…Некој може сака сигурност, некој изненадување и адреналин и сето тоа да се менува во животот, а и потребни сепромени. Всушност, ние даваме знаци за тоа- што очекуваме. Но, колку некој обрнува внимание и сака да ги препознае, тоа е друго.
* Господин човек, џентлмен визави мачо, т.е. мачизам? Кавалерство наспроти супериорно држење во однос на жените? Ја согледувате ли разликата? Кому му давате предимство?
Л. Р.:Мислам дека одамна застаре ова класифицирање на мажот. Денес жената е многу посвесна за себе и за своите можности. Она што го барате вие од партнерката, тоа го бараме и ние жените од партнерот. Во секој однос е исто - сакаш да имаш доверба, разбирање, почит, сѐ друго е минливо и само моментално задоволувачко. А, доколку морам да бирам помеѓу горенаведените особини, секогаш го избирам кавалерството наспроти супериорното држење од кој и да било.
* Кога се манирите во прашање, каков начин на однесување Ви се допаѓа, кои постапки на мажите Ве привлекуваат, а што Ви е одбивно?
Л. Р.:Одбивно ми е надменото однесување. Позитивно и симпатично е кога некој е пријателски настроен.
* За кој маж оттука, Македонец, можете да кажете дека е вистински, прав господин човек, џентлмен? И, се разбира, зошто?
Л. Р.: Не би можела да издвојам некој посебно. А, верувам дека голема улога има доброто воспитување уште од детството, поточно од мајката. Повторно се враќаме на главната точкашто еден човек го карактеризира како господин, а тоа е искрената почит кон жените, без какво билопотценување.
* Дали е можна пријателска врска меѓу жена и маж? И ден-денес, без оглед на изминатите години - 173, неретко се цитира легендарниот француски новелист Оноре де Балзак: „Мажот никогаш нема да ѝ биде пријател на жената доколку може да ѝ биде љубовник“. Се согласувате со него?
Л. Р.:Секако дека може. Не гледам никаква логика со оваа подигната свест кај луѓето, данемаат толку самоконтрола.
* Што мислите, дали спротивноста има привлечна сила или, пак, треба да постои некава си компатибилност, истоветност - на пример истомисленост и слично за успешна, среќна љубовна врска, односно брак?
Л. Р.:Најздраво за еден однос е кога го има и едното и другото. Тоа значи дека ни една страна не е потисната.
* Која е тајната на успешниот, среќен брак или љубовна врска, сеедно? Многумина велат дека толерантноста има особена важност.
Л. Р.:Тајната сѐуште никој не ја знае. Се шегувам, мислам дека нема формула.
* И, на крајот - ако мажот е столбот на семејството, т.е. негов татко (патер фамилијас), тогаш која „титула“ ѝ припаѓа на жената, освен матер фамилијас (мајка на семејството)? Можеби не се согласувате со каква било поделба на „ранговите“ или..?
Л. Р.:Мислам дека од сите одговори погоре можете да забележите дека не се согласувам со вакви поделби. Стереотипи и мажи и жени ограничени од нив, треба веќе да се минато.
Игор Ландсберг
Фотографии: приватна архива на Лејла Рамковска