Неодоливиот турски актер веќе не изгледа исто: Бали Бег целосно се трансформираше и предизвика воодушевување кај жените
фото: Youtube Printscreen / MagnificentCentury
Жените ширум светот го обожаваа во турската сапуница „Сулејман Величествениот“, а сега изгледа сосема поинаку
Иако оваа серија се емитуваше пред повеќе од 10 години, домашната публика сѐ уште ги памети ликовите на актерите кои три години ги следеа на малите екрани.
Освен главниот лик, Сулејман Величествениот, големо внимание, особено од женскиот дел од публиката, привлече и Бурак Озџивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег.
Со години многумина ги следат настаните поврзани со неговиот живот, а благодарение на социјалните мрежи имаме можност да ѕирнеме во неговиот живот, кој и самиот изгледа не го крие од очите на јавноста.
Неговата нова фотографија која се појави на Инстаграм предизвика вистинска лавина од интерес и коментари за згодниот и шармантен актер.
Првото нешто што можеше да се види е дека актерот изгледа, многумина велат, никогаш подобро. Од тој Бали-бег не остана ништо, а на многу дами им се допаѓа она што сега имаа можност да го видат.
Бурак позираше на троседот во луксузен хотел со сопругата, актерката Фахрије Евќен. За разлика од претходните фотографии, актерот сега има забележително поголема брада и подолга коса, а се чини дека малку се здебелил.
Иако сега има некој килограм повеќе, тоа не се одрази на неговата машкост, напротив. Сè уште го задржува својот шарм, заводливост и јасно е - сѐ уште ја носи титулата на еден од најпосакуваните турски актери.
извор: glossy.rs