Непогрешлива фризура за модерен маж (ВИДЕО)
Ако сакате да изгледате како елегантен џентлмен, тогаш оваа фризура ќе ви овозможи да ...
Разделената фризура беше дефинитивно омилена во последните 100 години. Оваа фризура ја носеа кралевите, претседателите, славните, воените лидери и сите оние кои сакаа да изгледаат елегантно, стилски и мачо.
Затоа, решени сме да ви покажеме како да креирате една ваква фризура што ќе ви овозможи да бидете стилски и уредни, додека изгледате модерно и привлечно.
Генерално, не е тешко да се направи, а првото нешто што треба да направите е да ја потстрижете косата со ножици на фризер и на темето да ја оставите подолга. Разделот се прави со помош на чешел, фен за коса и препарати за коса кои ќе ви овозможат да ја насочите косата на страната на која сакате да ја носите.
Вие исто така можете нежно да ја насочите косата назад, давајќи и многу модерен и привлечен изглед.