Нереално: Има 50 години, а изгледа како да е дете
Тристан Ли неодамна наполни 50 години, и изгледа како да има
дваесет години, а кога ќе ја покаже личната карта, сите се крстат и не веруваат
дека изгледа толку млад. Тој вели дека тоа не е чудо на природата, туку дека
генетиката е здрав начин на живот, пренесува „Дејли Меил“.
Тренер од Лондон ги советува луѓето како да ги променат животните навики и да вежбаат, со цел да изгледаат и да се чувствуваат подобро.
Тристан признава дека 35 години се грижи за својата исхрана, а особено за негата на кожата. Тој немал никакви инвазивни козметички третмани, освен ботокс, кој повремено го инјектира во последните години.
„Се грижам за кожата секој ден 35 години. Можеби го прескокнував режимот наутро и навечер пет пати. Може сум бил болен, пијан, но тоа мора да се направи. Младешкиот изглед започнува со здрав начин на живот. Спиење, диета , вежбање, нега на кожа и намалено ниво на стрес. Се‘ мора да биде под контрола. Направив малку ботокс и луѓето веднаш помислија дека го изневеруваат системот, но тоа не е така, тоа само помага“, рече Тристан.
Иако Тристан признава дека има еден проблем во неговата неверојатна младост.
„Луѓето на моја возраст не сакаат да се дружат со мене затоа што мислат дека сум дете, а децата мислат дека сум на нивна возраст, а јас не сум дете и не сум заинтересиран за нив“, заклучува Тристан.
Фото: Инстаграм