„Нешто ми излезе од челото и почна да мрда“: Мислев дека ми е мозолка, ми отекоа двете очи, а во болница ме пречека шок (ВИДЕО)
Англичанецот Џек Холмс се соочил со огромен проблем кога на челото му се појавило мозолче, или така мислел.
Тој и неговата сопруга со денови се обидувале да се ослободат од него. Но, откако го отстраниле првото мозолче, се појавил мал оток, кој набрзо почнал да се шири додека не му се затвори окото.
Како што рекол, многумина го задевале дека сигурно се скарал со некого, но тој не би признал. Кога му се затвориле двете очи, Џек решил да се консултира со лекар, пишува Sun.
@jack_holmes1 Very fucking british summer! #fyp #ElectrifyTheMini Oh No - Kreepa
Мислел дека се работи за поткожно мозолче на кое му треба повеќе време да исчезне. Отишол во болница и дознал шокантна дијагноза. Имено, тие му рекле дека го каснала коњска мува, а лекарите останале зачудени додека го санирале каснувањето. Во болницата конечно успеале да го исчистат израстокот од кој излегла ларва.
- Гледав како нешто што скокна од челото, се лизгаше на шамивчето, апсолутно одвратно - се присетува Џек и додава:
- После тоа почна да ми отекува устата и почувствував ужасни болки, па следниот ден морав повторно да одам во болница каде ми дадоа комплет антибиотици, по што следниот ден се почувствував препородено.
@jack_holmes1 Normalisation! Be careful folks! #ITriedItIPrimedIt #amazonprime #fyp #ElectrifyTheMini ##liveforthechallenge #goviral Sunroof - Nicky Youre & dazy
Овој млад човек објави фотографии на Тик ток пред и по отстранувањето на ларвата.
Фото: Принтскрин
Извор: Kurir.rs