Ни срам, ни перде: Двојка има секс на сред настапот на Тревис Скот (ВИДЕО)
Се чини дека музиката на Тревис Скот делува прилично како афродизијак... Барем така изгледаше за еден пар чија хотелска соба гледаше на сцената во ноќниот клуб Хакасан во MGM Grand, каде што Скот изведуваше неколку песни пред Суперболот во Лас Вегас.
И додека тој настапуваше, вљубената двојка приреди сосема поинакво шоу за своите фанови...Вид за кој обично плаќате многу пари за да го видите во Лас Вегас.
Тие имаа секс, а сите можеа да видат што прават бидејќи прозорците од хотелската соба не беа затемнети.
„Тоа момче е легенда“, рече некој преку микрофонот, но тоа не ги спречи во акцијата.
Луѓето на социјалните мрежи сепак се побунија и целата работа ја нарекоа засрамувачка. Тие додадоа и дека од луѓето се очекува да бидат малку поучтиви кога се во прашање тие интимни моменти. Не е познато дали парот се соочил со некакви дисциплински мерки од хотелот или од полицијата.
Извор: espreso.co.rs