„Ние двајца, храбрите борци против кичот, шундот, турбофолкот и плејбекот“: Игор Џамбазов му честита роденден на Гуру Харе

Најпознатиот шоумен кај нас, актер и пејач Игор Џамбазов не ретко јавно открива кои му се пријатели, кои се до него секогаш кога треба и кои луѓе му се нашле кога му било најтешко. Еден од тие блиски пријатели и соработници на Игор е музичарот и авторот Гуру Харе. Игор Атанасоски, односно познат во јавноста како Гуру Харе денес слави роденден, а по овој убав повод шоуменот му напиша искрена честитка:

„Среќен роденден драг мој Гуру Харе!
Да ми поживееш уште многу, многу...а и јас со тебе (ако може)...и такви престарени, ама со младешка енергија (како Стоунси), се уште да ги свириме "Overdose од blues" , "Да си жив и здрав", "Каква е оваа ситуација?"...а и некои нови, што допрва ќе се раѓаат. Ние двајца, храбрите борци против кичот, шундот, турбофолкот и плејбекот продолжуваме понатаму. Со истата страст. Годините и онака веќе не се за броење...
Остани ми жив, здрав, креативен, среќен и нормален. Те сакам пријателе!!!“.

Инаку, викендов актерот имаше „драма“ со неговата Ферхунде. Имено кучето кое го вдоми од Дојран и кое го носи секаде со него откако ручало (како што истакна Игор по случката) се насладило за десерт со кредитната картичка на Џамбазов. Повеќе за ситуацијата прочитајте ОВДЕ.

Р.Ж.М.

Фото и Видео: Инстаграм