Ние сме женски тим во потрага по совршенство: Интервју со Соња Николовска, бренд менаџер на Био Доместик
Компанија со најдолга и најбогата традиција на светскиот пазар за производство на апарати за домаќинство, тим на жени и елегантно опремен салон.
Дознајте ја успешната приказна на Соња Николовска - бренд менаџер на компанијата Био Доместик, увозник на два познати германски брендови, Miele апарати за домаќинство и модерни кујни од производителот Warendorf, како и други кујнски додатоци
* Колку години постои брендот Miele во Македонија?
- Оваа година Miele прослави 120 години квалитет и иновација, а ние пак во март, наполнивме скромни 10.
* Како дојдовте до идејата токму овој бренд да го донесете на нашиот пазар, зашто баш Miele?
- Ова е семејна компанија, на чело со еден голем визионер, татко ми. Неговата визија и идеја и ден денес е постојано креирање на нови идеи, нови проекти, потреба да се бара совршенството. Од еден таков проект, се роди и замислата за Miele.
Miele беше предизвик и голема борба од првиот ден. Квалитетот и големината на брендот, налагаат строги стандарди за работа, правила и нема простор за импровизација. Мислам дека ова беше пресудното. Потрагата по совршенство, или барем блиску до тоа (се смее).
Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин.