НИКАКО НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА: Не оставајте шише со вода во автомобилот по секоја цена! (ВИДЕО)


Познато е дека во текот на летото, високите температури предизвикуваат обилно потење и мачнина и затоа мора секогаш да носиме шише вода со себе, затоа што мора да се земе доволна количина течност во организмот.

Често носиме шише вода каде и да одиме, а понекогаш го забораваме во автомобилот, потполно несвесно дека на тој начин можеме да предизвикаме пожар.

Имено, силната сончева светлина што поминува низ шише вода како низ лупа, може да го запали седиштето во автомобилот. Фејсбук страницата „Пожарникари - Тие се нашите Херои“ предупредува за оваа опасност со споделување видео кое покажува како пожарот во автомобил може да биде предизвикан од обично пластично шише со вода.