„Никако не сакам да им ја уништам “храната” за нивните смрдливи души“: Водителот Ване Маркоски негативен на коронавирус
Познатиот водител Ване Маркоски се тестираше од коронавирус и е негативен, а на Фејсбук излезе со статус во кој опишува што се случувало, но и посочи на многу работи поврзани периодов со озборувањата за него:
„За сите добранамерни и фини луѓе, полни со љубов, чувствувам прво потреба да се извинам за некои зборови кои ги користев во текстов, ама со некоја категорија сограѓани мораш да разговараш на ова ниво:
- Деновиве од дежурните трачари кои со години оправаат се во државава и за се имаат став, освен за нивниот живот и несреќа во која тонат, ние медиумските работници, барем поголемиот дел од нив, бевме изложени повторно на лаги и манупулации, трачеви и оговарања, а се поради скринингот за Ковид-19 кој се спроведуваше изминатиов период за медиумите.
Никако не сакам да им ја уништам “храната” за нивните смрдливи души, но ете ќе го објавам јавно резултатот, бидејќи во вакви случаи некои безобразни примитивци се дрзнуваат да зборуваат за твоето или нечие здравје, да плашат други луѓе, да те омаловажуваат, не размислувајќи дека имате семејство, пријатели и колеги кои се грижат за вас, најверојатно затоа што во нивните животи се функционира врз база на клетост и мизерија и без љубов.
Ваквите нивни болноумни сценарија не може нормален мозок да ги измисли, секако, затоа нема лутиш за нив, туку само некоја солза за што го трошат животот и по некоја желба за брзо опоравување.
Пред 3 години кога заглавив во болница нема да заборавам една реченица на докторка:
Дете, денес се сѐ лечи или менаџира ако дојдеш на време, ама за една работа не може да се помогне, а тоа е кога човек психички ќе попушти, а мисли дека од неговите зборови почнува светот и не му треба помош.
Инаку, првата проверка за антитела покажа негативен резултат, а втората која ја направив своеволно, исто така негативен.
Но, и да беше позитен, тоа е. Не е страшно. Ќе помине.
Свесен сум дека и дел од сите трачеви за нас по медиумите излегоа од сами наши колеги, ама нејсе, пак ќе кажам, толку е капацитетот на тие и тоа им е смислата на животот, така се хранат.
Страшно е што после се ова, пак мораш да се видиш со нив, да се разминеш на улица и да прифатиш дека немаат мозок, ниту душа, туку само беда и бес што ги носат.
Поддршка за сите колеги од сите медиуми чии семејства го поминаа овој стрес.
Гледајќи низ што поминав јас и мои блиски луѓе чекајќи резултат, за сите оние безобразни кои уште ве убедуваат дека вирусот не постои и со тоа свесно ве ставаат во опасност, може само да кажам кршете глава, ама навистина го мислам ова и ви кажувам на ваш речник, надевајќи се дека ќе сфатите.
Еден ден може ќе се докаже дека вештачки е вирусот и ќе се бара одговорност од некого, ама ќе треба да се бара одговорност и од сите кои јавно го манипулираат народот со теории на заговор, непотврдени, а така се на свој начин одговорни за сите кои поминале низ мака и сеуште поминуваат.
Толку за тема корона од мене“- напиша Маркоски.