Nike патики инспирирани од познатиот робот
Продолжувајќи го својот фокус кон усовршување на линијата Air Vapormax EVO, Nike му претстави на светот повеќебојна варијанта на својот популарен модел, кој ги карактеризира иконичните бои на роботот Gundam ...
Горниот дел од моделот Nike Air Max 96 II е создаден со мрежа и синтетички материјали претставени во црна, бела, сина, жолта и црвена комбинација, карактеристични за единицата RX-78 Amuro Raja од оригиналната серија Mobile Suit Gundam создадена во 1979 година .
Брендираните детали доаѓаат во форма на светло жолт среден дел од ѓонот на патиките, гумени ознаки на јазиците, обележување Vapormax EVO на петицата и шарени влошки. Патиките се дополнително подобрени од единствената единица VaporMax со транспарентен оддел за воздух, што ја продолжува приказната за темата Gundam што се гледа на горниот дел.
По цена од 180 долари, Nike Air Vapormax EVO „Мулти-боени“ патики инспирирани од анимираната серија Gundam ќе бидат лансирани овој месец.