НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ГО ВОЗИ НОВИОТ прототип на RIMAC C-TWO: Ѕвер суперавтомобил
Поранешниот Ф1 шампион доби можност да тестира хрватски хиперавтомобил ...
Легендата на Ф1 спортот доби можност да замине во Хрватска и да го проба ова неверојатно возило што ви го одзема здивот. C_Two е целосно електричен автомобил и се одликува со батерија од 120 kWh што напојува четири електрични мотори.
Ова му дава на моделот погон на сите четири тркала, како и комбинирана моќност од 1.888 КС и вртежен момент од 2.300 Nm. Ова треба да му овозможи на автомобилот да забрза од 0-100 км на час за 1,85 секунди и да достигне максимална брзина од 418 км на час. Автомобилот треба да има и домет од 550 км со едно полнење.
Иако станува збор за прототип, Нико јасно виде дека станува збор за возило што ќе руши рекорди и ќе биде вклучено во конкуренција со другите хиперавтомобили.
Погледнете како вози ова чудо и какви се реакциите на легендарниот Ник Хулкенберг: