Никола го напуштил градот и луксузниот живот: Им поделил милион евра на пријателите и се преселил во шума – „Не сакам струја, вода, ТВ и интернет“
Тој беше еден од најдобрите атлетски тренери во светот кога направи шокантен потег - ја напуштам работата, ги давам сите милиони евра што ги заработив на моите пријатели и одам да живеам во дрвена куќарка во шумата!
Ова е неверојатна приказна за Никола Бориќ (48), човек кој не сака да има интернет, вода, струја, ТВ...
Местото на приказната е селото Кокочак во Хрватска. И ова место не е премногу познато во оваа земја, бидејќи до пред една година таму живееле само пет луѓе. Сепак, селото стекнало „светска слава“ кога неговиот жител станал надалеку познат.
А, потоа нов шок за мал број локални жители – Никола рече дека не сака да има – струја, вода, интернет, телевизија во својот нов дом! Со додавање на:
- И мене не ми требаат други луѓе.
Потоа, нешто што уште повеќе ги шокираше сите! Сè што материјално стекнал во животот го поделил со пријателите, а оставил само 10.000 евра со кои купил земјиште во Кокочак каде изградил дрвена куќарка. Целта е јасна:
- Сакам да уживам во мојот душевен мир!
Во интервју за хрватскиот портал 24сата, Никола ја објаснил својата одлука:
- Мојата филозофија се сведува на живеење во хармонија со природата, без отпад, без производство на ѓубре. Сакам да и помогнам и на локалната заедница и да го најдам својот мир.
Одлуката за пари е дефинитивно „малку“ чудна:
- Никогаш не ме интересираа парите, иако ми се лепеа. Едноставно е, сакав да се посветам на природата и да бидам овчар.
На огласите си најде нов дом! А пред да го купи, на својот деловен партнер буквално му подарил фирма вредна милиони евра и рекол дека повеќе не го интересира. Истото го направил и со својот луксузен стан во Етиопија.
- Материјалните работи не ми значат ништо во животот, навистина! Знам дека само за утре треба да подготвам дрва, бидејќи ми снема - рече Никола со насмевка.
Во бизнисот со кој се занимаваше, Бориќ го достигна врвот – со освени награди на Светски и на Европси атлетски првенства, Бостонскиот маратон, Олимписките игри, Дијамантските лиги.
- Сакам, ја обожавам мојата работа како тренер, но едноставно, ја изгубив мотивацијата да продолжам да ја работам.
Јаде еднаш дневно, а кога ќе дојдат другарите на гости може да пие и кафе:
-Ми одговара, со години живеам вака, не ми е проблем со денови да бидам без храна. Ништо не ми недостасува овде. Немам телевизор, немам радио, немам интернет, го полнам мобилниот кај соседот - рече Никола.
Сепак, неколку години подоцна тој сепак морал малку да го промени своето „размислување“. Така почнал на интернет да ги продава работите што ги произведува на својот имот (има над 150 производи, сите исклучиво домашни и негово производство), веројатно сфатил дека тоа му е неопходно за да преживее.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Кurir.rs