Никола Роквиќ утрово се јави од Македонија: По многубројните проблеми на патот, пријатна вест пристигна на 13-тиот ден од хуманиот поход
Роквиќ објави колку пари собрала фондацијата до денеска, 4 мај...
Пејачот Никола Роквиќ денеска, на 13-тиот ден од походот кон Егина, објави колку пари собрал за хуманитарниот подвиг на неговата фондација „Семејство“.
Да потсетиме, неговото семејство, сопругата Бојана и децата деновиве престојуваат во Грција, а Никола утрото го пречека во Македонија, за заедно утре да го прослават големиот празник - Велигден.
Речиси секојдневно известува во јавноста за сите ситуации со кои се соочил на пат, но и за сумата на пари што ја собрал за да им помогне на децата.
Денеска, 4 мај, покрај сите тешки пречки кои ги имавова утро, поради лошото време, имаше и добра вест - досега се собрани повеќе од 14 милиони.
- Господ на помош драги луѓе, се надевам дека сте добро! Денеска е посебен ден... Многу дожд, вода, кал, но и во овие околности има радосни вести. Стигнавме до 14 милиони динари, верувам дека таа бројка е уште поголема, но поради празниците не можам да имам точна евиденција - рече тој и додаде:
- Што да кажам? Ова е патот за нашите деца, да одиме до крај! Среќен Велигден!!!
Да потсетиме, целта на Никола Роквиќ е да ги собере потребните средства за децата кои се болни од рак.
Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs