НИНЏА- најбрзиот мотор на планетата
Замислете да возите на две тркала со брзина од скоро 400 км на час ...
Фабрички направениот Ninja H2 е еден од најбрзите мотори на планетата и иако е доста стар, сепак успева да ги привлече погледите каде и да се појави. Фабричкиот мотоцикл има мотор од 1000cc и развива максимална брзина од 350 км на час, сепак, оваа подесена верзија на моделот H2 е најбрза на планетата и постигнува брзини што можат да одговараат на најновите автомобили Бугати.
Најдовме еден видео клип што ќе ви го демонстрира ова и ќе ви покаже колку брзо може ова чудо да се вози. Му симнуваме капа на возачот кој успеа да го „присили“ овој мотор до крајните ограничувања на брзината и иако не поддржуваме ваков начин на однесување на патот, мора да откриеме дека сме импресионирани.
Погледнете го клипот: