Ништо не можеше да го убие, освен мама: Метју Меконахи откри дека татко му починал додека водел љубов

Оваа тајна никој не ја знаел, а е многу необична.

Шармантниот актер Метју Меконахи првпат зборуваше за смртта на својот татко Џејмс, кој почина во 1992 година, на многу несекојдневен начин.

„Не можев да верувам. Тоа беше мојот татко. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мама. Секогаш ми зборуваше на мене и моите браќа: „Момци, кога ќе си одам, ќе биде тоа додека водам љубов со вашата мајка.“ Така и беше. Доживеа срцев удар кога го достигнал врвот“ - раскажа Оскаровецот и ги остави сите без зборови.

Тој додаде дека односот на неговите родители бил многу турбулентен, како и дека сите понекогаш биле насилни еден кон труд и дека се развеле два пати, а се венчале три.

„Тоа беше како Тихиот океан за време на бура“ - опиша тој.