Ниски сте? Еве како да изгледате повисоки со облека

Модните трендови се една работа, но важно е да знаете како да ја прилагодите модата кон себе и со типот на телото.

Кога станува збор за костум и вратоврска за ниски мажи подобар избор се светли нијанси. Бела или светло сина кошула и светло сив, светл син или беж костум. Шарените кошули не седобар избор. Ако ви изгледа здодевно или монотоно, можете да се одлучите за кошула со тенки и не толку воочливи линии.

Исто така, кога станува збор за кројот, најдобар избор би бил костум со едно копче. А, што се однесува до панталоните, тие треба да бидат со рамен крој. Ако пантолоните се премногу широки, тие ќе ве направат подебели и пократки.

Во принцип, избегнувајте облека што ве прави пошироки, тие автоматски ве спуштаат. Покрај тоа, избегнувајте широки линии, како и хоризонтални линии.

Исто така, избегнувајте јакни со дворедно закопчување, како и контрастни комбинации на панталони и јакни или маици. Подобра опција се панталони и маица во слични бои, односно да се разликуваат само во неколку нијанси.

Сето ова помага визуено да изгледате повисоки.