Ниту инфлуенсери ниту трендсетери: Кои се нашите мажи со најмногу следачи на “Инстаграм”?
Нивното влијание не може да се занемари, но ни приближно како светските ѕвезди.
Популарноста и влијанието на социјалните мрежи моментално се најголеми. Скоро сите информации преку овие канали се достапни со рекордна брзина, посебно преко опциите за видео во живо.
Светот целосно се промени откако ваквите мрежи “стапија на сила”. Многумина се разведоа, многумина се зедоа, се остварија нови љубовни врски, блискоста на далечина се интензивира, се пронајдоа роднини и пријатели, секс во живо, дебати, паметувања, вулгарности, луксуз, лажен приказ… Листата е долга.
Се е до тоа како ги користиме, колку ги користиме и за што? Може да донесат и профит но и штета. “Копјата се кршат” најчесто на “Фејсбук”, а на “Инстаграм” се е некако фино, фотографии и видеа, виртуелен живот, материјал кој се споделува од различни причини, со цел, без цел, за слава, за пари, за инает… И овде листата е долга…
Познатите светски ѕвезди се многу активни на овој медиум кој има скоро милијарда активни корисници дневно и 800 милиони месечно. Цели компании работат за да ги видиме во најдобро светло и за да имаат многу следачи. Тие се на некој начин трендсетери и често пласираат одредени платени производи кои ги рекламираат и водат маркетиншки кампањи. Фудбалерот Кристијано Роналдо има најмногу следачи- 182 милиони, а Селена Гомез 156 милиони.
Кај нас нешто многу помалку. Се работи за наши јавни личности кои и не можат да се наречат трендетери бидејќи тоа не се и не можат да бидат. За тоа треба многу, многу труд. Цела машинерија зад себе. Не се ниту инфлурнсери. И за тоа треба исклучително многу вештина и користење на многу ресурси кои за жал се невозможни овде. Сепак, имаат голем број на следбеници, најчесто поради нивната професија. Кои се машките личности што собираат секојдневно ијладници лајкови и имаат мала армија на обожаватели?
Даниел Николовски
Еден од најпознатите шминкери и фризери кај нас. Ги шминка јавните личности, често оди на патувања, се фотографира постојано, а поради специфичниот физикус фотоапаратот едноставно го сака. Активен е постојано, достапен е, комуницира со публиката и знае убаво да се облече. Со 256 илјади следбеници тој е прв на листата, но зад Туна Сејди која има точно пола милион следбеници, најмногу во Македонија.
Адриан Гаџа
Пејачот секојдневно ја “билда” листата на следбеници. Има точно 116 илјади. Обично постира фотки од неговите снимања, со неговото куче, со пријатели и познати личности. Се чини како да е слабо активен, но неговата популарност и овде и во Албанија и во Косово е пресудна да се најде на второто место.
Перо Антиќ
Не е можно да нема многу следачи кога играше и за НБА па го знае и светот. Нашиот најдобар кошаркар има 75 илјади следбеници од сите континенти. Не е претерано активен, но знае да сподели фотографии со пријатели, како игра на терен или со своите деца. Жените посебно го обожаваат.
Небојша Толески