Ноќевање од 80.000 евра: Ви посакуваме барем една вечер да поминете овде
Точно е дека една вечер во овој апартман би ве чинела скоро колку да купите двособен стан во центарот Скопје, но дефинитивно постои причина зошто „Катара“ втора година по ред беше прогласен за најдобар апартман во светот.
Сместен во хотелот „ Ekselzior hotel Galia“ во Милано, има своја конференциска сала, бања, простран базен и четири спални соби - со огромни кралски кревети, лустери од венецијанско стакло Мурано и секоја соба со своја тема во бојата и декорациите.
Покрај тоа, постои трпезарија со маса за десет лица, а како дел од хотелската понуда, гостите од апартманот „Катара“ имаат и батлер услуга 24 часа на ден.
Хотелот тврди дека апартманот е совршен за сместување на дипломати затоа што дозволува највисоки безбедносни стандарди - има сопствен влез, лифт и прозори отпорни на куршуми.
Погледнете го најдобриот апартман во светот, и ви посакуваме да поминете барем една вечер во овој луксуз кој за таа една ноќ би ве чинел 80.000 евра.