Нов моден трофеј на фудбалската ѕвезда: Нејмар дизајнира гаќи
Британскиот моден бренд Superdry претстави возбудлива еко-соработка со еден од најпознатите фудбалери во светот, кој заедно со моделот Фејт Линч стана заштитно лице на колекцијата Organic Cotton.
Нејмар јуниор работеше со креативниот тим на брендот на колекција органски одгледувана памучна долна облека, во минималистички дух - но тоа е само почеток.
Superdry потпиша тригодишен договор за соработка со спортската икона, кој ќе ги промовира аспирациите на брендот да се фокусира на поодржливо производство. Superdry постави цел да се користи само чист органски памук до 2030 година и веќе поддржува скоро три илјади земјоделци во Индија да се преориентираат на органско земјоделство, како дел од иницијативата Grow Future Thinking.
На снимањето на кампањата во Париз, Нејмар ја истакна важноста што ја има партнерството со брендот Superdry.
"Бев почестен кога ме контактираа да соработувам, особено кога бев информиран за сè што прават во областа на одржливоста во модата. брендот е синоним за удобност, што е многу важно за мене лично", вели Нејмар.