Нов тренд кај крадците: На мета се полначи за електрични возила - поради ова
Приказната започна во САД, а сега полека се сели во Европа.
Откако постои автомобилската индустрија и автомобилите, криминалот беше поврзан со нив. Се крадат автомобили, делови за автомобили, особено катализатори, а електричната мобилност им донесе нови предизвици на луѓето од другата страна на законот или, можеби подобро, нови можности за заработка.
Приказната започна во САД, а сега полека се сели во Европа. Првите случаи на кражба (или сечење) на кабли на станици за полнење се забележани во Холандија и Франција.
Имало и кражби на домашни полначи, но каблите на јавните полначи се попривлечни за крадците бидејќи содржат поголем дел од бакар кој може нелегално да се препродава.
Решавањето на проблемот е веќе во тек, а наскоро ќе се зголеми видео надзорот или електронската заштита на јавните полначи за да се спречи овој нов криминален тренд.
Фото: unsplash