Нова драма во животот на Бритни Спирс: Обвинета е дека нападнала работничка во нејзиниот дом
И таман кога мислевме дека нејзиниот живот оди на подобро, татко ѝ се откажа од старателството, таа е среќна и заљубена како никогаш порано.... нови проблеми.
Бритни Спирс е повторно на тапет, а овојпат ја обвинуваат за насилство.
Нова драма се одвива во животот на Бритни Спирс, а пристигна инфомарција дека полицијата моментално го истражува наводниот напад кој се случил во нејзиниот дом.
Полицијата е повикана во домот на пејачката, откако член на нејзиниот персонал пријавил дека во понеденикот вечерта се случил конфликт, соопшти канцеларијата на серифот на округот Вентур. Нема забележливи повреди, а записниците од местото на настанот ќе бидат предадени на разгледување, додадоа од канцеларијата на шерифот.
Како што пишуваат американските медиуми, Спирс наводно ја нападнала чистачката, ударајќи ја по раката од која ѝ паднал телефонот.
Метју Росенгард, адвокатот на пејачката во изјавата за медиумите кажа дека е во прашање „пренапумпана сензационалистачка таблоидна приказна, која е во потполност измислена“.
Тој додаде дека „секој може да покрене тужба, но дека оваа би требало веднаш да се затвори, бидејќи е очигледно дека немало удар, ниту било каква повреда“.
Спирс минатиот месец го најми Росенгарт во обид да си ја врати контролата над својот живот, откако последните 13 гоидни ги помина под надзор од татко ѝ, кој има моќ над нејзините пари и работа.