Нова експозитура на УНИБанка во Еast Gate Mall – уникатна услуга за сите клиенти
УНИБанка продолжи со воведувањето на нови и иновативни бизнис практики во своето работење, овој пат со отворањето на нова експозитура во најголемиот трговски центар во регионот, East Gate Mall во Скопје. Со овој потег се потврдува стремежот на УНИБанка да биде поблиску до своите клиенти и квалитетно да одговори на финансиските потреби на граѓаните и бизнис заедницата во максимално достапни термини за директна и непосредна комуникација со Банката.
Со отворањето на експозитурата во East Gate, УНИБанка се издвои како единствена банка на пазарот која секој ден од понеделник до недела од 10 до 21 часот на своите клиенти ќе им обезбеди брз и квалитетен пристап до финансиско советување и можност за непосредна комуникација со банката.
,,Експозитурата во трговскиот центар East Gate Mall е Уникатна на банкарскиот пазар во целосно отворен стил и природно зеленило со кое допринесуваме за квалитетот на воздухот и чистата еко средина во главниот град. Посебно задоволство ни претставува тоа што овозможивме достап до нашите услуги преку директен контакт во експозитурата вклучувајќи и можност за одобрување и исплата на кредитни производи надвор од работно време на клиентите. – велат од банката.
По повод отворањето на новата експозитура, УНИБанка ги наградува сите нови клиенти кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит, овердрафт или кредитна картичка до 31.12.2021 година со ослободување од административен трошок за разгледување и обработка на кредитно барање, како и бесплатно за првата година осигурување на живот од Кроациа осигурување – Живот, за одобрено дозволено пречекорување или лимит на кредитна картичка.
ПР објава